Протесно и заканувачко писмо од Петар Поп Арсов до „создавачите на Бугари“: “Нема да прокопса ни бугарската идеја ако одите со тој ум!”
Протесно и заканувачко писмо од Петар Поп Арсов – Вардарски во 1894 год. до директорот на солунската гимназија и поранешен министер на Бугарија Михаил Сарафов околу изборот на учители во црковните училишта во Македонија кои биле испраќани од Бугарија, наместо Македонци со цел “да создаваат Бугари”: “нема да прокопса ни бугарската идеја ако одите со тој ум”
In memoriam
Дури и на 1 јануари 1941 година кога
починал Петар Поп Арсов неможел да знае дека околу три и пол години подоцна ќе биде конституирана македонската држава, а уште помалку тоа можел да го знае половина век пред нејзиното конституирање, поточно во 1894 година, кога на 5 јануари таа година ЦК на штотуку основаната македонска револуционерна организација го задолжила да напише брошура со која ќе ја изрази политиката кон бугарската влада предводена од Стефан Стамболов, поточно меѓу другото и против асимилаторската политика на Бугарија вршена преку црковните училишта во Македонија, преку бугарската црква – егзархијата, односно со избор на учители во црковните училишта во Македонија кои биле испраќани од Бугарија, наместо Македонци, со цел спроведување национална политика. Или како што вели П.Поп Арсов: “ да создаваат Бугари”. Тој документ напишан на бугарски јазик, а наменет за Македонците во сите делови на Македонија и за Бугарите во Бугарија е со наслов:”Стамболштината во Македонија и нејзините претставници”.
****
Протестирајќи во документот дека “Најважните служби Егзархијата им ги доверува на Бугари: владици, архимандрити, директори, инспектори, учители, деловодители, редактори итн., а од егзархиската служба ги отстранува совесните Македонци против кои се употребуваат сите дозволени и недозволени средства да бидат изгонети од својата татковина…”
Петар Поп Арсов во ова брошура која заради одбегнување проблеми ја потпишал со псевдонимот “Вардарски”, опсежно го анализирал ова прашање.
Во писмото на Поп Арсов до бившиот министер на Бугарија Михаил Сарафов, меѓу другото, пишува: „И Ве уверуваме дека таква ќе продолжи да биде положбата на сите твои сонародници што доаѓаат во Македонија со претензии: ‘да создаваат Бугари’, ‘да ја култувираат земјата’, да повелаат во cè како што сакате вие да правите во Солун со неделното училиште со вашето ‘раководителство, со игнорирање на правата на општината – претставничка на народот; уште потешка ќе му стане положбата и на вашето начелство, кое сака нека биде тоа, ако продолжи да ви дава слични инструкции; нема да прокопса ни бугарската идеја ако одите со тој ум. Зашто ние Македонците асли ништо немаме, ништо не сме спечалиле, благодарејќи на слепата доверба кон своите божемни браќа, па немаме и што да загубиме. Жално е, но што да правиме, кога мнозинството од нашата интелигенција е расипана од вашето зло”.
****
Тоа е време во кое Стефан Стамболов бил премиер на Бугарија, за кого неодамна пишував во повеќе детали и е напишано на неколку месеци пред неговата смена, и околу година и половина пред неговото убиство во атентат органзиран од македонската група под команда на Наум Тефегџиев.
Не многу помалку значаен за Бугарија е и споменатиот Михаил Сарафов, кој нема никаква роднинска врска со Борис Сарафов.
Михаил Константинов Сарафов (1854-1924) родум од Трново е бугарски револуционер, политичар, просветен работник и дипломат. Бил член на повеќе влади како претставник на Либералната партија, а подоцна и на Прогресивната либерална партија – како министер за образование (1880 – 1881), министер за финансии во три влади (1884, 1902 – 1903) и министер за внатрешни работи (1901 – 1902 година). Како министер за финансии го организирал и првиот попис на Бугарија.
По завршувањето на гимназијата во Загреб, учествувал во работата на Бугарскиот револуционерен централен комитет во Букурешт и во раководството на револуционерниот комитет во Трново, каде што бил учител во 1875-1876 година, кратко време бил уапсен, а потоа ја напуштил земјата и студирал на универзитетите во Загреб, Минхен и Париз.
Токму во тоа време, во 1894 година, односно помеѓу 1893 до 1896 година, М.Сарафов бил директор на Солунската бугарска машка гимназија, а од 1895 до 1896 година – на Солунската бугарска женска гимназија. Ако како министер за просвета креирал политики, вклучително и кон македонското прашање, веќе како директор на во тоа време мошне значајната солунска машка бугарска гимназија “Св. Кирил и Методиј” тој спроведувал на терен политика поврзана со извборот на учители за кои жестоко реагирала МРО, бидејќи се вршел избор на учители од Бугарија преку кои се спроведувала национална политика и асимилација на теренот.
Подоцна по враќањето во Софија бил заменик директор на Осигурителното друштво „Балкан“ (1897 – 1900) и благајник на БКД (1898 – 1904). Учествувал како министер за внатрешни работи во коалициската влада на Петко Каравелов (1901) и како министер за финансии во 3-те независни прогресивни влади на Стојан Данев.
Во следните години Михаил Сарафов извршувал дипломатски функции на многу значајни места за Бугарија . Бил дипломатски претставник на Бугарија во Виена – Кралство Австроунгарија (1904 – 1909) и Истанбул-Отоманско царство (1909 – 1913), како и претставник на Министерството за надворешни работи во Солун за време на Балканските војни (1913).
Учествувал и во бугарската делегација за потпишување на Нејскиот мировен договор во 1919 година, чии резултати се сметаат за национална катастрофа — договор потишан на 27 ноември 1919 година во Неј на Сена во близина на Париз, помеѓу земјите победнички во Првата светска војна од една страна и Бугарија како претставник на поразените. Договорот стапил во сила на 9 септември 1920 година. Договорот и наложил на Бугарија да отстапи различни територии како поразена страна и тоа на Грција, Кралството СХС и Романија. Бугарија прифатила да плати и воени репарации од 100 милиони фунти, да ја намали војската на 20 илјади војници и друго.
*Фејсбук статус на поранешниот премиер Никола Груевски
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Утре е Петровден, задутре Павловден, се верува…
Утре, 12-ти јули е Петровден, а на…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…
Сиљановска ќе почека да се формира новата…
ДОБРА ВЕСТ! Младиот Никола ја победи болеста!
Во објава на својата официјална страна на…