Протестите во Косово се по директива на проруски екстремисти од Белград, тврди Курти
Претседателот на Владата на Косово, Албин Курти, оцени дека на северот на Косово не се одржани организирани мирни собири, туку „протести на екстремисти под директива на официјален Белград“.
„Графитите од српски националистички, шовинистички и про-Кремљ карактер, заедно со маскирани екстремисти кои вршат напади, вандализираат и напаѓаат сè што не е српско, се главните показатели за мотивот на насилните дејствија“, се вели во соопштението на косовската влада, пренесуваат медиумите во регионот.
Во владиното соопштение по средбата на Албин Курти со амбасадорите на земјите од Квинтата и шефот на канцеларијата на ЕУ во Косово, беше истакнато дека сите треба најостро да ги осудат насилните дејствија.
Според написите, беше истакната важноста и потребата од деескалација на ситуацијата, се наведува во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…
Група од 25 членови на Српската академија…
Србија е загрижена поради поддршката на Црна…
Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…
Косово ќе прифати до 50 мигранти од…
Косовската влада денес одлучи да прифати до…