Протестите на приватниците имаат политичка позадина, вели Пенов
Протестите на приватните автобуски превозници во Скопје имаат политичка позадина, но Владата сепак мора да посвети внимание на тој проблем, изјави министерот за локална самоуправа Ристо Пенов.
– Овој тип на блокади заради економски долгови испишуваат политичка позадина, сите можеме да го видиме „Гласот на светлината” од 2005 година, бидејќи за, не знам, милион евра долг, страдаат сите скопјани и сите што доаѓаат во Скопје, тоа е неразумно. Но, во секој случај создава една голема непријатност за целосното функционирање и ќе мораме да посветиме внимание тоа да го решиме, рече Пенов гостувајќи во вечерашната емисија „Вин Вин” на телевизија Телма.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тројца повредени во „Пулс“ уште се лекуваат…
Тројца од повредените во пожарот во „Пулс“…
СДСМ: Мицкоски не смее да му писне…
Секој ден што минува, сè појасно станува…
Зајкова од состанокот на АЛДЕ во Хелсинки:…
На Советот на АЛДЕ (Алијанса на либерали…
Со аудио снимки како доказ се апсат…
„Во тек е апсењето на група студенти…
СДСМ заврши над 90% од патот низ…
Со особено задоволство го одбележуваме завршувањето на…