Објавено на:

Протести во Бугарија: Народот бара целосна неутралност на земјата и да не ѝ се испраќа оржје на Украина

t

Стотици граѓани се собраа на протестот на плоштадот „Александар Буров“ во Софија за да побараат целосна неутралност на Бугарија од воениот конфликт во Украина. Граѓаните собрани пред претседателската институција се молеа за мир. Тие истакнаа пароли со натписи: „Бугарија зона на мирот – Не пукаме во браќа!“, „Повторно источен фронт – ќе поминат без нас!“ Не за бугарски момчиња во кланица“.

Организатори се граѓани од „Бугарски национален совет за мир“, „Слободна и мирна Бугарија“.

Пред Министерскиот совет Христо Лавчиев, нуклеарен физичар изјави дека кој игра војна меѓу НАТО и Русија, игра Трета светска војна. Граѓаните кои учествуваа на протестот скандираа против НАТО.

Околу фонтаната пред претседателската институција на три места беа собрани потписи за зачувување на бугарскиот лев. Дојдовме овде да бараме мир, мир е најдобриот збор, рече учесник на протестот.

Маршот „Бугарија зона на мирот“ се упати пред зградата на Собранието и се очекува да заврши кај Орлов Мост.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Траги-комедија во Бугарија: Огромен крокодил живее меѓу…

Двометарски нилски крокодил живее во јама на…

Нигеp ги пpекинува дипломатските односи со Укpаина

Нигер ги прекинува дипломатските односи со Украина…

Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…

Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…

ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…

Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…