Протести во Киев поради смената на началникот на украинската армија
Одлуката за промена на Залужни дочекана на „нож“ од страна на украинското население. Стотици демонстранти вечерва се собраа во Киев на Плоштадот на независноста за да го изразат револтот поради расчинувањето на украинскиот генерал.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во четвртокот донесе одлука за негова промена со цел како што рече да се направат промени во моментумот на ќор-сокакот од војната со Русија, која влегува во трета година додека земјата се бори со недостиг од муниција и персонал како и за да ја одржи поддршката од Запад.
На местото на Залужни, Зеленски го назначи командантот на копнените сили на Украина, полковник. ген. Александар Сирски. Него му ја додели одговорноста да ја предводи армијата, на која и треба зајакнување на моралот.
Сирски беше клучен за најголемите успеси на Украина за време на војната, вклучително и надгледувањето на одбраната на главниот град во раните денови на инвазијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лавров: Украина мора да остане неутрална
Русија инсистира Украина, како што е предвидено…
Зеленски на ручек со кралот Чарлс Трети
Претседателот Зеленски се сретна со кралот Чарлс…
Захарова: Русија е подготвена да го реши…
Разговорите меѓу Русија и Украина се движат…
Трамп изјави дека гледа „мал напредок“ во…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека гледа…
Путин откри што бара од Украина
Русија не бара капитулација на Украина, туку…