Објавено на:

Протести и контрапротести во Хрватска поради правото на абортус

t

Во повеќе хрватски градови денеска се одржуваат протести во знак на за поддршка на Мирела Чавајди – трудницата на која не ѝ беше дозволено да ја прекине бременоста во Хрватска, по што одлучи тоа да го направи во Словенија. Нејзиниот храбар јавен настап поттикна граѓански и правни дејствија и иницијативи.

Протестите наречени „Доста! Уништување на јавното здравје и занемарување на здравјето на жените!” се одржаа низ цела Хрватска. Протесттите се одржаа во знак на солидарност со Чавајда, но и со сите жени на кои им бил ускратен законски гарантираниот абортус и други форми на здравствена заштита во Хрватска.

Освен во Загреб, граѓани протестираа и во Пула, Сисак, Риека, Сплит, Шибеник, Осиек, Задар и Корчула. Протестите во сите градови започнаа во 18 часот.

По речиси еден месец обиди да ја прекине бременоста Мирела Чавајда е на пат за Словенија. Во болница и рекле дека не може да направат ваква процедура за прекин на бременоста. Три недели претходно беше утврдено дека фетусот има голем тумор на мозокот, а прогнозата беше дека или ќе умре во утробата или ќе се роди со тешки болести и „ќе биде како растение”. Таа била и на приватен преглед, каде била користена софистицирана дијагностика, по што и било кажано дека нема спас за плодот. Но кога се обидела да ја прекине бременоста, советот што го добила од неколку државни болници и рекле: „Жал ни е, ништо не можеме да направиме, најдобро е да одите во Словенија”.

Овој случај предизвика голем револт во Хрватска, поради што се организирани и денешните протести.

– Доста е со уништување на јавното здравје и загрозување на животот на жените, многу лаги, изговори и манипулации, многу злоупотреби, малтретирање и тортура, многу политички игри на сметка на жените, рече Лана Бобиќ, една од организаторите на протестот.

Но, во Загреб се одржаа и контрапротести. – Овој свет е во тежок мрак и ова е показател за времето во кое живееме. Живееме во последните времиња, во последните денови. Тоа се знаци дека овој свет нема долго да трае затоа што се промовираат сите извртени вредности – рече еден антидемонстрант во мегафон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Страшни пожари ширум Хрватска!

Вчера и денеска во Хрватска, од Омиш…

Хрватска ќе издвојува поголем буџет за одбрана…

Хрватска планира да ги зголеми средствата за…

Хрватка се претставувала како директорка на банка,…

51-годишна жена од Хрватска лажно се претставувала…

Наместо на одмор, младите Босанци одат на…

Значително повисоките плати за истата работа, но…

Дедо-монструм, кој ги силувал внуците оставени кај…

77-годишен маж чиј идентитет не се открива…