Протест во Атина против новиот закон за работни односи
Мирен протест во центарот на Атина одржаа синдикатите на вработените во јавниот сектор и на Комунистичката партија, во рамките 24-часовниот штрајк поради владините реформи во законот за работни односи, јави дописничката на МИА од Атина.
Главната порака на демонстрантите беше да не биде изгласан законот, за кој сметаат дека ги поткопува работничките права и го зголемува задолжителното работно време.
Побараа колективни договори, задржување на петдневната работа со осумчасовно работно време и порачаа дека повеќе нема да толерираат „удавени во поплавите, изгорени во пожарите и робови на работа“.
Штрајкот на синдикатите го поддржаа и опозициските партии, а на протесстот беа претседателот на пратеничката група на СИРИЗА, генералниот секретар на Комунистичката партија, претседателката на Курс кон слобода, како и претставници од ПАСОК.
Новиот закон за работни односи, кој меѓу другото ја легализира работата на две различни работни места, веќе е донесен во Парламентот и се очекува денеска да биде ставен на гласање.
Поради штрајкот има проблеми во јавниот превоз во Атина, со оглед на тоа дека метрото не работи, а со неколкучасовни прекини на работното време учествуваат и автобусите, трамвајот и тролејбусите во Атина.
Протести освен во Атина се одржаа и во други грчки градови.
Одвоен протест и независно од синдикатите и нивните барања, одржаа и сезонските пожарникари, кои бараат постојани вработувања.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бебе пронајдено во кеса за ѓубре во…
Шестмесечно бебе попладнево било пронајдено во црна…
ХАОС во Грција, улици полни демонстранти за…
Синдикатите што ги застапуваат работниците во секој…
Вилма Pусковска се приклучи на протестниот марш…
Вилма Русковска се приклучи на протестниот марш…
(Видео) „Врапчињата знаат дека има огромен синџир…
Врапчињата знаат дека има огромен синџир на…
Протестен марш на семејствата на загинатите денеска…
Во сабота, 25 април со почеток од…