Протест во Љубљана – се бара извинување од градоначалникот кој го поддржа Вучиќ

Неколку илјади луѓе се собраа во Љубљана да ги поддржат студентите во Србија и да побараат од градоначалникот Зоран Јанковиќ јавно да се извини за поддршката на српската влада, пренесе Бета.
Собирот наречен „Љубљана се крева“ започна во 11:52 часот пред Амбасадата на Србија со молчење во спомен на 15-те жртви од падот на бетонската настрешница на Железничката станица во Нови Сад на 1 ноември.
Потоа насобраните се упатија кон Градската општина Љубљана, каде организаторите поднесоа четири барања.
Пред градското собрание беа поставени 15 столчиња во спомен на загинатите во Нови Сад.
Од градоначалникот на Љубљана се бара јавно да им се извини на студентите во Србија, како и на граѓаните и студентите во Љубљана.
Се бара и Јанковиќ јавно да ги поддржи студентите во Србија кои со месеци ги блокираат факултетите, незадоволни од работата на институциите, а членовите на градското собрание јавно да го кажат својот став за протестите во Србија.
Едно од барањата е Јанковиќ да не распише избори во Србија додека не се исполнат сите студентски барања.
Јанковиќ во изминатите неколку дена во неколку наврати го поддржа српскиот претседател Александар Вучиќ и му испрати официјално писмо за поддршка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Протест во Љубљана – се бара извинување…
Неколку илјади луѓе се собраа во Љубљана…
СТРАШНО: Нови снимки од невремето во Љубљана
Големо невреме вчера ја зафати Љубљана, а…
Голема полициска акција во Љубљана, претресена и…
Полициската управа на Љубљана потоа објави дека…
Стартува новата редовна авиолинија Скопје – Љубљана
Со коктел-забава како изненадување и мали подароци…
ИМАЛ И БОМБА: Пронајден мртов човекот кој…
Полицијата во околината на словенечкиот главен град…