Протест на родителите и учениците од ОУ “Киро Глигоров” во Капиштец – Училишното раководство сакало да го отуѓи игралиштето за изградба на кафич
Денес, 8 мај 2022, во 11.00 часот се одржа мирен протест на родителите и учениците од ОУ Киро Глигоров во Капиштец, Центар, против одлуката на училишното раководство да го оттуѓи игралиштето за кафич.
-Ние, родителите на ОО Киро Глигоров, Капиштец ве известуваме и воедно ги покануваме медиумите на 8. Мај 2022г. во 11:00 часот во школското игралиште да присуствувате на протестот што го организираме против комерцијалното отуѓување на игралиштето, соопштија вчера организаторите на протестот.
При донесувањето на одлуката и потпишувањето на договорот со фирмата „Форца“ правно е прекршена законската регулатива и заобиколено е мислењето на родителите.
Со ваквата назаконски донесена одлука и ништовен договор, им се одзема на децата од Капиштец она што на политичките изборни кампањи им беше ветувано: школо и школско игралиште во коешто безбедно и безгрижно ќе ги поминат детските училишни денови.
БАРАМЕ:
- Итно стопирање на градежните активности
- Раскинување на договорот (којшто веќе е правно ништовен)
- Враќање на игралиштето во првобитната состојба и на слободно располагање на децата.
- Да се преиспита законската регулатива којашто го уредува комерцијалното работење на училиштата со цел да се ограничат комерцијалните активности истите да се организираат единствено и само во интерес на учениците на школото, стои во дописот до медиумите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вилма Pусковска се приклучи на протестниот марш…
Вилма Русковска се приклучи на протестниот марш…
(Видео) „Врапчињата знаат дека има огромен синџир…
Врапчињата знаат дека има огромен синџир на…
Протестен марш на семејствата на загинатите денеска…
Во сабота, 25 април со почеток од…
Протест во Тетово: Дали требаше да се…
Во Тетово се одржа протест на група…
Средните училишта низ Србија продолжуваат со бојкот…
Повеќе средни училишта во Србија од понеделник…