Протест пред УЈП во Куманово – се приклучи и група граѓани од Тетово

t

Кумановци кои работеа во американски компании во базите во Ирак и Авганистан, денеска протестираа пред Управата за јавни приходи, барајќи поддршка од институциите за обезбедување на докази за платените даноци.

Ним им се приклучија и група граѓани од Тетово. Граѓаните потенцираат дека нивната иницијатива нема политичка заднина и не е насочена против одредена институција или личност, туку, како што велат, претставува борба за правична и законска постапка. Тие апелираат за поддршка од сите граѓани, без разлика на политичка, етничка или друга припадност.

-Упатуваме благодарност до градоначалникот на Куманово, кој јавно се обрати пред Советот на Општината и договори средба со директорката на Управата за јавни приходи. Планираме уште една средба одржи во големата сала на Комитетот и да биде јавна, со присуство на сите засегнати граѓани од Куманово и од други градови. На настанот ќе бидат поканети и градоначалникот, како и медиумите, со цел, директорката на УЈП транспарентно да ги образложи ставовите на институцијата, рече Зоран Наковски во име на присутните.

Кумановци кажаа дека доставиле и допис за средба до Управата за јавни приходи.

Тие изразуваат благодарност до Советот што била отворена расправа по ова прашање, како и до советниците кои им дале поддршка. Сепак, кажаа дека ги разочарале дел од советниците кои не гласале точката да се стави на дневен ред, укажувајќи дека како граѓани дале поддршка за нивниот мандат. Граѓанската група отфрла тврдења дека станува збор за политички мотивирана активност или собирање политички поени, како што тоа вчера го кажаа дел од советниците.

Тие нагласуваат дека не се против плаќање даноци, туку, како што велат, се спротивставуваат на присилна наплата, селективно толкување на законите и неприфаќање на доказите што ги доставуваат во постапките. Нивното главно барање е, како што порачуваат, еднаков и фер однос согласно законите за сите граѓани.

-Бараме правична законска регулатива, не смее да има двојно оданочување. Бараме еднаков третман за сите, рече Фариз Бајрами од Тетово.

Тој најави дека и во Тетово ќе има протести пред УЈП во вторник, со почеток во 14 часот.

Во Куманово, протестот продолжува пред општинската зграда во понеделник исто со почеток во 14 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Протест пред УЈП во Куманово – се…

Кумановци кои работеа во американски компании во…

АА ќе го обжали Законот за „Безбеден…

Крилото на Арбен Таравари од Алијансата за…

(Видео) Супорт Кочани ја рапсредели трета транша…

Невладината организација за помош на настраданите и…

Новите шенген правила се удар врз бизнисот,…

Новите правила за влез во Шенген зоната…

Рама ја нагости Иванка Трамп заради изградба…

Албанскиот премиер Еди Рама ја нагости Иванка…