„Прототема“: Грција очекува јасна порака од НАТО до македонската влада да престане да си игра со Преспанскиот договор
Грција очекува јасна порака од НАТО до македонската влада да престане да си игра со Преспанскиот договор, пишува грчкиот медиум „Прототема“.
НАТО ќе прослави 75-годишнина од своето оваа недела со самит во Вашингтон во критичен геополитички момент. Тековната војна во Украина не напредува како што беше планирано, Блискиот Исток е во превирања, а потенцијалното враќање на Доналд Трамп во Белата куќа се чини сè поверојатно по лошиот настап на Бајден во дебатата за Си-Ен-Ен, пишува медиумот.
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, кој денеска ќе се упати во главниот град на САД, ќе учествува на дискусиите за иднината на Алијансата.
Самитот на НАТО ќе ја одбележи првата средба меѓу Мицотакис и новиот премиер на Македонија, Христијан Мицкоски. Односите меѓу Атина и Скопје се напнати поради Преспанскиот договор. Малку е веројатно дека Мицотакис и Мицкоски дури и ќе се ракуваат, пишува медиумот. Сепак, главното прашање е очекуваната јасна порака од НАТО до владата на Скопје да престане да си игра со Договорот од Преспа, иако не е сигурно дали тоа ќе се сфати сериозно. Атина им ја соопшти својата позиција на клучните сојузници и постои консензус за ситуацијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…
Трагедија во Грција: Хеликоптер се урна во…
Хеликоптер се урна во морето во близина…
ЛДП го поддржува предлогот од 5% од…
„Во пресрет на претстојниот самит на НАТО,…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Што не го раскине договорот? Мицкоски кон…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска повторно говореше за…