Професорката Ана Павловска-Данева го помина комисискиот филтер за уставна судијка
Универзитетската професорка Ана Павловска-Данева го помина комисискиот филтер за уставна судијка.
Со седум гласа „за“, три „против“ и ниту „воздржан“ собраниската Комисија за прашањата на изборите и именувањата денеска го утврди предлогот на владејачкиот СДСМ, Павловска-Данева да биде кандидат за судија во Уставниот суд. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во матичната собраниска комисија повторно кажаа дека предлогот на Павловска-Данева за уставен судија е партиски, а од СДСМ ги отфрлија тврдењата и повикаа да се комплетира составот на Уставниот суд.
На 24 јануари по скоро година и половина расправа во Собранието е повлечен предлогот за доскорешниот републички обвинител Љубомир Јовески да биде уставен судија.
Павловска-Данева е редовен професор на научната област Административно право и јавна администрација на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Родена е на 22.02.1973 година во Скопје. Во 2004 година, се стекнала со научен степен доктор на правни науки, со одбрана на докторската дисертација на тема „Управни договори“ и е избрана за доцент на научната област управно право на Правниот факултет „Јустинијан Први“, по што напредува во звањата и станува вонреден професор (2009 година) и редовен професор (2013 година).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Собранието утре избира нов министер за здравство
Собранието утре во рамки на 54. седница…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…