ПРОФ. Д-Р КАЛОЃЕРА: Не верувајте им на Данајците и кога носат подароци, ниту на Бугарите кога ви подаруваат 2.000 книги
Токму кога малку се смирив, притисокот ми го крена веста за отворањето на Центарот за култура „Ванчо Михајлов“ во Битола, објави денеска универзитетскиот професор и поранешен македонски конзул во Хрватска, Горан Калоѓера.
– Како прво, Македонците многу добро знаат кој бил Ванчо Михајлов и како тој ја гледал Македонија, се разбира во рамките на бугарската држава. И сега во слободна и независна Македонија се отвора Центар со архивски материјал и над 2.000 учебници со тенденција за „превоспитување“ на Македонците во Бугари. И сето тоа се одвива на високо ниво, таму е бугарскиот премиер со неговата придружба и сето тоа е за Македонците да се запознаат со бугарската историја…, пишува Калоѓера.
Приказни за мали деца, додава Калоѓера, наивни, распродадени души и глупава влада.
– Секогаш, повторувам секогаш, а особено во 19 век, Бугарите, заедно со Грците и Србите, ги отуѓувале, отуѓувале Македонците, убедувајќи ги во нивните училишта и цркви дека се Бугари. И сега продолжува, нешто посуптилно, но суштински исто, пишува хрватскиот професор.
– Овие подароци се отровни и опасни. Тоа е континуиран процес на асимилација на Македонците… еден ден да се уништи македонската нација, нејзиниот јазик, култура и минатото. Ова е основната цел на Бугарија, поставена од античко време и продолжува во нејзината реализација до денес. Плачи Македонијо!- порачува хрватскиот професор Калоѓера.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Америка го бомбардираше Иран, објави Трамп
Американскиот претседател Доналд Трамп рано утринава, во…
(Видео) Брутална тепачка на обиколница кај Скопје…
Инцидент каков што ретко се гледа се…
Медведев: Иран го гледа опстанокот во нуклеарната…
Заменик претседателот на Советот за безбедност на…
Бислимоски: Војната меѓу Израел и Иран ќе…
Војната меѓу Израел и Иран ќе има…
Ова ли е тоа тегнење за уши?…
Судот во Струга го прогласи за виновен…