Проф. Пановски: Бесмислено и нечовечки е на било каков начин некој да се принудува да се вакцинира

t

“Под никакви услови во закон не смее да влезе задолжителна вакцинација, тоа е недопустливо. Апсолутно е бесмислено некому да му се ограничува правото на движење и функционирање само затоа што не е вакциниран. Има многу луѓе кои не смеат да се вакцинираат, од икс причини, што со нив? Но, пред се тоа е услов кој се коси со сите човекови права“, вели проф. Д-р Никола Пановски, епидемиолог.

Утре, вели професорот, ќе излезе некоја нова вакцина, па зарем сите ќе мора веднаш да се вакцинираме со нешто што не го знаеме?

Министерството за здравство тврди дека секому му е дозволен влез во сите објекти, без оглед дали лицето е вакцинирано или не. Иако во измените на Законот за заштита на населението од заразни болести стои дека “ Во член 28 став 6 во точката 1 се додава нова потточка 5, која гласи: Забрана на влез во објекти на лица кои не се имунизирани или не поседуваат потврда за прележана болест“, од кабинетот на министерот за здравство уверуваат и објаснуваат дека “времената мерка за забрана за влез во објекти во време на епидемија за невакцинираните лица, се однесува само во случај на прогласена епидемија од ковид, и важи само одреден временски период“.

Зошто ваквото појаснување не е наведено во законските измени, од ресорното министерство нема одговор. Оттаму велат дека предвидените подзаконски акти ќе доразработат определени одреби од законот.

Иако како најповикан, професор Александар Петличковски претседател на Комисијата за заразни болести не одговори на повиците за да каже дали воопшто го погледнал Законот и што тој мисли за спорните точки околу задолжителната вакцинација.

На нашето прашање кои експерти од областа на заразни болести биле вклучени во подготoвката на овие измени, кои се на прво читање во Собранието, од министерството кусо одговараат без имиња, ниту детали за тоа кои се стручните ставови околу одредени спорни точки.

“Во подготовка на измените на Законот за заштита на населението од заразни болести беа вклучени експерти од Институтот за јавно здравје, сектор епидемиологија“, стои во министерскиот одговор.

Во делот на законските измени кои предвидуваат дијагностицирање на заразна болест без лабораториски наод, проф. Пановски смета дека нема ништо страшно и дека и досега се применувала таа пракса.

“Единствено за КОВИД се бараше лабораториска потврда. Претходно, како еве на пример за грипот, никогаш задолжително не се правел тест. Врз основа на клиничката слика и периодот на појавување се донесувала дијагноза. Се прават одреден број на тестови за да се види за кој вирус и каков тип станува збор. Никогаш не се тестирале сите сомнителни случаи“, објаснува проф. Пановски.

Инаку според образложението зошто се потребни измени во постоечкиот Закон за заштита на населението од заразни болести стои дека се прави со цел “дополнување на листата на заразни болести кои подлежат на задолжително пријавување“ и заради “унифицирање на начинот на пријавување за сите учесници во АЛЕРТ-синдромскиот систем за брзо известување и предупредување, според збирот на симптоми и знаци кои мора да бидат присутни кај пациентот за да биде ставен во одредена категорија, како и поедноставување на редовниот систем за пријавување на заразни болести кои подлежат за задолжително пријавување“.

Откако ИНФОМАКС вчера прв ги објави деталите на измените на Законот за заштита на населението од заразни болести и ја забранува стручната јавност во Македонија, предлогот вчера беше повлечен од собраниска седница.

Барањето го поднесе пратеничката Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ, која образложи дека овој предлог на закон е двосмислен, непрецизен, избрзан и со злоупотреба на европско знаменце. Таа за овој закон побара јавна расправа и широка дебата со експертски мислења.

Со сличен став беше и пратеникот од СДСМ, Јован Митревски кој рече дека “се потребни дополнителни консултации и дообјаснувања на определени членови од законот, бидејќи треба да се имаат предвид стручниот, здравствениот дел и почитувањето на правата на граѓаните според Уставот“.

Пишува: Александра Милошевска

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДОБРА ВЕСТ! Младиот Никола ја победи болеста!

Во објава на својата официјална страна на…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…

Русија произведе моќен систем за заштита од…

Русија создаде комплексен систем за заштита на…

Орбан со закон ќе ги контролира странските…

Унгарската владејачка партија Фидес планира да поднесе…

ЦДЦ: Украинците носат резистентни болеси во Европа

Бактериски резистентни инфекции кои се регистрирани на…