ПУКАЛ НА СВАДБА СО ПИШТОЛОТ НА ТАТКО МУ, ПА „ПОКОСИЛ“ ТРОЈЦА МЕЃУ КОИ И МАЛОЛЕТНИЧКА
На 28.07.2024 во 03.00 часот, полициски службеници од полициското одделение во кичевското село Зајас го лишија од слобода Б.У.(46) од кичевското село Бачишта, на привремена работа во Австрија. Тој, претходно, на семејна веселба во истото село неовластено испукал повеќе куршуми од пиштол „Смит и Весон“, сопственост на неговиот татко Р.У.(64) од истото село, кој го поседувал со дозвола. Притоа, Е.Е.(33), М.Р.(57) и една малолетничка, сите од селото Бачишта, кои биле на веселбата, се здобиле со повреди и биле пренесени во Итната медицинска помош во Кичево, каде им биле констатирани тешки телесни повреди. Од Р.У. бил одземен пиштолот и 300 куршуми, кои ги поседувал со дозвола. По целосно документирање на настанот, ОВР Кичево ќе поднесе соодветни пријави.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пукање во село Горна Матка, повреден жител…
МВР соопшти дека во текот на вчерашниот…
Се омажи Теа Таировиќ: Еве зошто се…
Познатата пејачка Теа Таировиќ завчера се омажи…
СДСМ: Пукачите со огнено оружје среде Скопје…
Продолжуваат обвинувањата од СДСМ кон полицијата во…
Две малолетнички се степале на свадба во…
На 16.11.2024 во 08.50 часот во СВР…
„Српска крвава свадба“: Младоженец со пушка ранил…
Младоженец од српското гратче Тител, во Војводина,…