Пукано врз таткото на Самоил Костадинов, ова се деталите!

t

Како што дознава Инфомакс, рано утринава пред неговиот дом е пукано врз таткото на Самоил Костадинов, Љупчо Костадинов.

Инцидентот се случил во Лисиче, неофицијално пред неговиот дом. Кон него е пукано од возило во движење, мотор по што пукачот се упатил во непознат правец, а како што дознаваме во моментов полицијата е во активна потрага по него.

Самоил Костадиновски, 26-годишно момче од Скопје е исчезнат веќе четири месеци.

За неговото исчезнување пријавил неговиот 32-годишен брат во осум часот наутро на 4-ти март, по што од МВР биле преземени соодветни мерки за негово пронаоѓање.

Веста за исчезнувањето на Самоил, кој е внук на поранешниот министер за внатрешни работи и актуелен лидер на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, односно тој е внук од брат на неговата сопруга Виолета, дополнително предизвика голема вознемиреност кај јавноста, откако се појавија шпекулации дека бил киндпиран или ликвидиран.

За случајот притвор добија двете лица кои се осомничени дека имале улога во грабнувањето на Самоил Костадиновски.

Истрагата за грабнувањето на Костадиновски ја води МВР во координација со скопското Обвинителство.

Во јавноста накусо подоцна се обрати и Љупчо Костадиновски неговиот татко кој тврди дека освен овие две лица, кои се уапсени за исчезнувањето на неговиот син, вмешана била поголема криминална група. Како што раскажува, според негови сознанија, станувало збор за голема машинерија, за организирана група од околу 50 лица, кои продавале разна дрога по дискотеки во земјава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…

Украинската армија доби нов командант

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…

Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…

Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…

ПДПР со демант и објаснување на денешниот…

Реакција и демант По повод видеото што…

Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…

*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…