Пукање во Бутел, двајца специјалци од МВР префрлени на Ургентен со тешки телесни повреди

t

Две лица со тешки телесни повреди се пренесени на Ургентен, откако пет до седум напаѓачи некаде околу 01.00 часот по полноќ на 12.03 ги пресретнале на булеварот Христијан Тодоровски-Карпош во општина Бутел, каде ги претепале.

Двајцата повредени се припадници на МВР и тоа во специјалните единици на полицијата.

Според информациите на Инфомакс, во нападот користено било и огнено оружје, но за среќа нема повредени од престрелката.

Најмалку пет лица се дале во бегство со возило марка „Цитроен“ со тетовски регистарски ознаки, додека возило со другата група напаѓачи беше запрена од полицијата и задржана на лице место.

Полицијата трага по избеганите, а на лице место се чека увидна екипа и обвинител.

Минатата недела на само 300 метри од плоштадот во центарот на градот се случи професионална ликвидација на две лица со автоматски пушки, а сторителите се уште не се најдени.

Претходно беше киднапиран внукот на екс-министерот за внатрешни работи Љубе Бошкоски по кого полицијата се уште трага.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Пијан полицаец направи хаос во Варшава

Маж, за кој подоцна беше утврдено дека…

Сообраќајка во Бутел, се судрија две возила

Сообраќајка на раскрсница во скопската населба Бутел…

СДСМ: Ново пукање во Чаир, ДПМНЕ е…

ДПМНЕ е опасност по безбедноста на граѓаните,…

Костовски од Бутел потрошил, речиси, 27 000…

Костовски од Бутел потрошил, речиси, 27 000…

Убоди со нож и пукање – Обид…

Поднесена е кривична пријава од страна на…