Пукање во Канада: Пронајдени три безживотни тела и двајца ранети
Три лица загинаа, а две се ранети во пукање кое се случило во неделата рано наутро во градот Винипег, провинцијата Манитоба на западот на Канада, соопштија локалните власти.
Полициската управа во Винипег соопшти дека пукањето се случило нешто по четири часот наутро, на локација еден километар западно од центарот на градот, а на местото на престрелката се пронајдени три безживотни тела и две ранети лица, јавува Си-Ен-Ен.
„Овој инцидент се случи во станбена зграда со неколку станови. Засега нема информации за можен мотив“, изјави Џејсон Михалишен, портпарол на полицијата во Винипег.
Маж и жена биле прогласени за мртви на местото на злосторството, а три жртви биле пренесени во болница, но едната од нив подоцна починала од повредите.
„Две жртви, маж и жена, остануваат хоспитализирани и во овој момент се во критична состојба“, изјавил портпаролот на полицијата во Винипег.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Медиуми: Канада подготвува масовна евакуација на своите…
Канада подготвува масовна евакуација на своите граѓани…
СДСМ: Ново пукање во Чаир, ДПМНЕ е…
ДПМНЕ е опасност по безбедноста на граѓаните,…
Убоди со нож и пукање – Обид…
Поднесена е кривична пријава од страна на…
Фон дер Лајен, Де Кроа, Мелони и…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Канада ѝ испраќа повеќе од 800 дронови…
Канада ќе донира повеќе од 800 беспилотни…