Пукање во мигрантски камп кај Сараево
Во мигрантскиот камп Блажуј кај Сараево синоќа имало пукање во кое е повредено едно лице, потврдија за босанскиот медиум Кликс од Оперативниот центар на Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево. Престрелката се случила околу 20.00 часот кога во босанското Министерство за внатрешни работи бил пријавен инцидент во мигрантскиот камп.
„Известени сме за пукање во кое е повредено едно лице. Се работи за мигрант кој се здобил со полесни физички повреди“, извести МВР.
Како што дознава Аваз, истрелите ги испукале Авганистанци кои се судриле во еден од контејнерите во мигрантскиот камп.
Според нивните сознанија, Авганистанецот кој пукал досега не е пронајден
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Косово: Селекцијата на депортираните од САД ќе…
Привремената косовска влада објави дека изборот на…
Република Српска не го прифаќа британскиот план…
Премиерот на Република Српска, Радован Вишковиќ, изјави…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Нови детали: Трамп ќе им плаќа на…
Американскиот Стејт департмент објави дека доделил 250…
Блумберг: ТРАМП ВРШИ ПРИТИСОК БРЗ БАЛКАНСКИТЕ ЗЕМЈИ…
Администрацијата на претседателот Доналд Трамп врши притисок…