Пукање во средно училиште во Босна и Херцеговина, тројца мртви
Во пукање во средно училиште во Сански Мост во Босна и Херцеговина има загинати и ранети, пишува босански „Кликс“.
Како што дознава порталот од неофицијални извори, загинале најмалку две лица, и тоа директорот на училиштето и секретарот. Неколку лица се ранети, а напаѓачот пукал и во професорка.
Според босанските медиуми, сторителот е вработен во Мешовитото средно училиште. Од полицијата за „Дневни аваз“ потврдиле дека загинале три лица.
„Пукањето се случило во 10.15 часот. Мажот со автоматско оружје убил тројца вработени во училиштето. По тоа, најверојатно, се обидел да си пресуди и добил тешки физички повреди. Тој е префрлен на Ургентниот центар во Бања Лука. Полицијата е на самото место“, изјави портпаролот на босанското МВР на Унско-санскиот кантон, Аднан Бегановиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пукање во средно училиште во Босна и…
Во пукање во средно училиште во Сански…
СДСМ: Граѓаните се чуствуваат небезбедно заради секојдневните…
За неколку месеци државата се претвори во…
МАСАKAP ВО БиХ: Влегол во училиште и…
Страшно злосторство се случило во Гимназијата во…
СДСМ објави детали добиени од свиркачи за…
– Под притисок на СДСМ, Панче Тошковски…
УХМР: Претпладне сончево време, попладне дожд
Времето претпладне ќе биде сончево со мала…