Пука ли бетонскиот идентитет од Преспа? Кој го брише македонскиот јазик од ООН?

t

Индикатори за бришење на македонскиот идентитет сѐ пофреквентно „испливуваат на површина“, а потврда за тоа е најновата интерна одлука во Секретаријатот на Обединетите нации, со која на службите во Секретаријатот им се наложува наместо терминот „македонски јазик“, да го употребуваат терминот „јазикот на Република Северна Македонија (РСМ)“.


Неименувани извори за „Нова Македонија“ од ОН алармираат дека во инструкцијата до службите на Секретаријатот се вели дека мора да се „избегнува“ терминот „македонски јазик“, во согласност со општиот став дека терминот „Македонија“ и сите деривати од овој термин не смеат да се употребуваат.
Истите извори наведуваат дека без оглед што на официјалната страница на ОН сè уште пишува „македонски јазик“, во тек е постепено елиминирање на сите деривати произлезени од терминот „Македонија“, вклучувајќи и на јазикот, без оглед што тој во ОН како таков е признаен многу одамна.


Понатаму се додава дека од оваа година категоријата „македонски јазик“ ќе се користи за „антички македонски јазик“, за што веќе Грците прават напори да ги убедат ОН дека станува збор за дијалект на античкиот грчки јазик.
Истиот извор појаснува дека во ООН постои забрана (таканаречена – „BAN“) за зборот „Македонија“ и сите изведени деривати од овој термин (македонски/ска/ско), што од претходниот месец важи и за јазикот.


Универзитетскиот професор по меѓународно право од Институтот за политички студии во Белград, Игор Јанев, тврди дека тоа се јасни сигнали и индиции во еден процес за деноминирање на македонскиот идентитет, а во таа насока ја гледа и интерната одлука во ОН да се избегнува терминот „македонски јазик“.
– Oва е интерна директива. Доколку македонската мисија во ОН работеше како што треба, сега сето ова ќе излезеше во јавноста. Се работи за нови правила при постапување на лица вработени во Секретаријатот на ОН. Според овие насоки, „македонски јазик“ не треба повеќе да се користи – вели професорот Јанев.


Тој е убеден дека целата сложена операција, чија тенденција е „бришење на македонскиот идентитет“, умешно е вградена во Преспанскиот договор, како вешто создадена стапица во креираните клаузули од договорот, при што со неговото потпишување истата процедура е започната. Затоа, тој енергично се залага за негово итно раскинување ако сакаме да го зачуваме македонскиот идентитет.

– Нашата меѓународна должност и обврска е да го елиминираме културоцидниот акт наречен Преспанска спогодба. Должност на секоја влада во која било држава е да ги елиминира културоцидните акти и нелегалната правна состојба произлезена токму од тие геноцидни акти. Ова не е само право туку и меѓународна должност. Секоја држава-членка на ОН има меѓународна должност и обврска во својот правен промет да ги елиминира или поништи сите акти со кои се врши каква било форма на геноцид во лажната и нелегитимна држава „Северна“ – истакнува Јанев.
Според него, ова што сега се случува со јазикот во ОН е само резултат од непромисленоста при потпишувањето на Преспанскиот договор.


– Во ООН постои забрана („BAN“) за зборот „Македонија“ и сите изведени деривати од овој термин (македонски/ска/ско)! Прашање на време беше кога и јазикот ќе се најде под оваа забрана, а очигледно од минатиот месец и терминот „македонски јазик“ отиде под таа забрана – резигнирано вели професорот Јанев.
Тој уште додава дека преку еден варварски и нецивилизациски чин, како што беше потпишувањето на Преспанскиот договор, се бришат еден цел народ и неговата култура, што е спротивно на јавниот морал во која било цивилизирана држава и спротивен на основните морални норми на цивилизираните народи.


– Преспанскиот договор е контракултурен акт, чин со кој се вршат произволна акултурација, контракултурација и деградација, врз основа на моделот вграден во самиот договор со кој се спроведува културна хегемонија и културна дискриминација на перманентна основа. Ваков контракултурен модел, содржински поседува норми и за културна асимилација и целосно ништење или деградирање на културниот идентитет на еден народ независно каде живее (во Грција, кај нас или каде било во светот). Ова е модел на културен холокауст – заклучува професорот Јанев.


Дали со институционалниот молк на службите на ООН и на нашето МНР се потврдува веродостојноста на информацијата

„Нова Македонија“ по трагата на оваа информација се обиде да добие одговор и од македонското министерство за надворешни работи, како и од Обединетите нации, но по повеќе од една недела ниту една институција не се јави да ги потврди или да ги негира ваквите наводи.


Несомнено ваквото нетранспарентно однесување на институциите е крајно недозволиво, ако се знае дека станува збор за суптилно прашање што допира во идентитетското чувство на еден народ, кој секојдневно е под невиден напад, како од страна на Бугарија така и од страна на Грција.


Ова, секако, не оди во прилог и на добрата комуникација со јавноста како на домашната институција, но и на светската организација, кои се должни, во интерес на точно и навремено информирање на јавноста, навреме да одговорат на поставените прашања и отворените дилеми.

Извор: Нова Македонија

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе го почитува Преспанскиот договор

Мое човеково право, гарантирано со многу конвенции,…

Косово го ратификуваше договорот со Македонија за…

Собранието на Косово го ратификуваше договорот потпишан…

Османи: Постигнат договор за дел од американскиот…

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, порача дека…

Кузеска: Мицкоски и Таравари да не кријат…

Стево Пендаровски ќе биде кандидат за претседтел…

Анкара и Приштина потпишаа договор за воена…

Министерот за одбрана на привремените институции на…