Пукна нова брука: Теута не ја сакаат ниту во Анкара…
Македонското МНР не дава одговор дали се точни информациите дека по САД и ЕУ поранешната градоначалничка на Тетово Теута Арифи била одбиена и за амбасадорско место во Анкара. Повикувајќи се на сигурни извори весникот „Коха“ пишува дека Владата и МНР имале трет обид да ја испратат Теута Арифи во дипломатска мисија, но наводно добиле експресен одговор од Турција дека акредитивните писма на амбасадорот нема да бидат одобрени.
Според Коха, несогласувањето на Европската Унија, Теута Арифи да биде амбасадорка во Брисел, како што во петокот објави МКД.мк, се случило неколку дена откако МНР го испратило предлогот, по што експресно следувало испраќањето на името на Теута Арифи како предлог за Анкара. И Турција не се согласила со овој предлог.
Претходно и Вашингтон го премолче предлогот Теута Арифи да стане амбасадорка на Македонија во САД. Молкот на Стејт департментот за овој предлог значеше дека Арифи нема да може да ја претставува Македонија како амбасадор во Вашингтон.
МНР пак демантираше дека воопшто била предложена за амбасадор во Брисел, во ЕУ за каде што се уште не бил определен кандидат.
Опозицијата ја обвинува Арифи за криминално менаџирање на општината Тетово и бара кривична истрага, евентуалното испраќање на мисија ќе значи и дипломатски имунитет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Палестина бара прекинот на огнот да се…
Палестинската самоуправа, со седиште во Рамала, денеска…
Претседателот на НСП: Не се знае дали…
Веројатно по примерот на приватизираните фирми кои…
Левица: МВР не демантира дека тендерот за…
МВР не демантира дека тендерот за партиски…
Вајц: Не знам дали Северна Македонија навистина…
Не знам дали Северна Македонија навистина сака…
Трамп номиниран за Нобелова награда за мир
Член на американскиот Конгрес го номинираше претседателот…