Пукотници со огнено оружје во Количани: Приведени две лица

t

На 08.09.2024 во 21:30 часот, во СВР Скопје, Х.А. (23) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 14:00 часот, додека се движел со своето возило „Фолксваген Шаран“ заедно со неговиот роднина О.Ј. во селото Долно Количани, биле запрени од неколку лица. Едно лице на моторцикл испукало неколку куршуми во воздух. Потоа, Х.А. се упатил кон селото Горно Количани, каде повторно бил запрен од истите лица, при што еден од нив со пиштол почнал да му упатува закани.

Во друг инцидент, на истиот ден во 20:30 часот, Е.Б. (19) од село Долно Количани пријавил дека околу 13:40 часот, додека имало веселба во селото, бил навредуван заради паркинг место од Б.Ј. Потоа, Б.Ј. со патничко возило „Ауди“ удрил во друго паркирано возило. Според пријавата, по кратко време, во чајџилницата каде што се наоѓал Е.Б., дошол О.Ј. со друго лице кое се претставило како полициски службеник Х.А. и го прашале за инцидентот. Кога Е.Б. почнал да објаснува, Б.Ј. извадил пиштол и испукал неколку куршуми во воздух. Според изјавите, О.Ј. му го одзел пиштолот на Б.Ј., по што двајцата се дале во бегство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Наставничка од „Владислав Рибникар“ сведочи на судењето…

Во Белград денеска продолжи судењето против родителите…

Кина најави воени вежби со Русија на…

Во понеделникот Кина најави заеднички воени вежби…

Леб, кревет и сапун – планот на…

Клубот на пратеници на AfD во Бундестагот,…

,,Русија веќе победи”

Одбивањето на повеќето земји да ја поддржат…