Објавено на:

Путин бара воените доброволци да положат заклетва пред руското знаме

t

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска објави декрет со кој се бара од сите воени доброволци да положат заклетва пред руското државно знаме.

Декретот се однесува на оние кои „учествуваат во воени активности во Украина, ѝ помагаат на армијата, како и на граѓаните кои служат во единиците за територијална одбрана“.

Сè уште не е целосно јасно што би требало да значи таквата заклетва, но тајмингот на декретот на Путин е значаен, бидејќи доаѓа во време кога платениците на групата „Вагнер“ се без нивниот лидер Евгениј Пригожин, кој пред два дена загина во авионска несреќа во близина на Москва.

Неколку недели пред неуспешниот бунт на Пригожин во јуни, руското Министерство за одбрана им даде рок на платеничките групи до 1 јули да потпишат договори. Пригожин одбил да потпише затоа што не сакал „Вагнер“ да дејствува под руското Министерство за одбрана.

Тогаш Путин ја поддржа шемата за договори со Министерството за одбрана, што беше првиот јавен удар против неговиот долгогодишен сојузник Пригожин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најчевска: Мицко нè турна кон Путин

Мицко нè турна кон Путин, искоментира на…

„ФАЈНЕНШЛ ТАЈМС“: Москва има план за напад…

Москва има детален план за напад на…

Путин најави одговор за влезот на Финска…

Хелсинки немаше „неволји“ со Москва со години,…

Трамп: Бајден со политичкиот прогон врз мене…

Рускиот претседател претходно изјави дека обвинението за…

Путин: Русија ќе спречи какво било странско…

Русија ќе спречи какво било странско мешање…