Путин го бојкотира Западот: На никаков начин нема да учествува на безбедносната конференцја во Минхен
Рускиот претседател Владимир Путин нема да учествува на Конференцијата за безбедност во Минхен ниту лично, ниту преку видео врска, изјави во понеделникот за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Путин не планира да учествува на конференцијата во Минхен во кој било формат“, рече портпаролот како одговор на прашање.
Околу 35 шефови на држави и влади ќе учествуваат на Минхенската безбедносна конференција, закажана за 18-20 февруари. Се очекува САД да бидат претставени од потпретседателката Камала Харис и државниот секретар Антони Блинкен. Германската делегација ќе ја предводи канцеларот Олаф Шолц. Планира да учествува и украинскиот претседател Владимир Зеленски.
Минхенската безбедносна конференција, формирана во 1962 година, обично вклучува бројни неформални и приватни состаноци меѓу политичарите. Русија учествува на годишниот настан од доцните 1990-ти.
Обраќањето на рускиот претседател Владимир Путин на конференцијата во 2007 година ја нагласи важноста на мултиполарниот светски поредок и потребата да се отстранат двојните стандарди од глобалната политика.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најчевска: Мицко нè турна кон Путин
Мицко нè турна кон Путин, искоментира на…
Масовен протест во Минхен против екстремната десница
Повеќе од 200.000 луѓе денеска се собраа…
„ФАЈНЕНШЛ ТАЈМС“: Москва има план за напад…
Москва има детален план за напад на…
Путин најави одговор за влезот на Финска…
Хелсинки немаше „неволји“ со Москва со години,…
Трамп: Бајден со политичкиот прогон врз мене…
Рускиот претседател претходно изјави дека обвинението за…