Објавено на:

Путин го одликуваше американскиот актер Стивен Сигал со Орден за пријателство

t

Рускиот претседател Владимир Путин денеска го одликуваше американскиот актер Стивен Сигал со Орден за пријателство.

Во указот објавен на официјалниот интернет портал за правни информации, се наведува дека Стивен Фредерик Сигал е награден „за големиот придонес во развојот на меѓународната културна и хуманитарна соработка“,

Во ноември 2016 година, Путин потпиша декрет со кој на Сигал му се дава руско државјанство.

Оттогаш, тој живее во Русија, каде што се приклучи на националистичката партија во 2021 година. Во август 2022 година, тој го посети источниот дел на Украина, каде што се сретна со водачот на проруските сепаратисти во Доњецк, Денис Пушилин, давајќи му поддршка.

Стивен Сигал (70), експерт за аикидо, беше ѕвезда на американските акциони филмови во 1980-тите и 90-тите години. Додека неговата кариера беше во опаѓање, Сигал, роден во Лансинг, Мичиген, полека се зближуваше со авторитарните лидери, вклучувајќи го и рускиот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најчевска: Мицко нè турна кон Путин

Мицко нè турна кон Путин, искоментира на…

„ФАЈНЕНШЛ ТАЈМС“: Москва има план за напад…

Москва има детален план за напад на…

Путин најави одговор за влезот на Финска…

Хелсинки немаше „неволји“ со Москва со години,…

Трамп: Бајден со политичкиот прогон врз мене…

Рускиот претседател претходно изјави дека обвинението за…

Путин: Русија ќе спречи какво било странско…

Русија ќе спречи какво било странско мешање…