Објавено на:

Путин го потпиша законот за реструктуирање на долгот на Србија

t

Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша законот за ратификација на четири протоколи кои создаваат правна основа за реструктуирање на долговите на Србија кон Русија, поврзани со низа меѓувладини договори.

Протоколите беа потпишани во Москва на 13 ноември 2023 година и во Белград на 21 ноември 2023 година. Тие ги менуваат текстовите на договорот за доделување државни извозни кредити од Русија на Србија од 11 јануари 2013 година и 19 октомври 2019 година, финансискиот кредит (од 10 април 2013 година), како и за подмирување на долгот на Србија кон Руската Федерација според обврските на поранешна Југославија (од 10 и 17 март 2021 година).

Со протоколите се официјализираат договорите меѓу двете земји за враќање на долгот на Србија кон Русија со рок на отплата од март 2022 година до март 2023 година, со одложено плаќање без да се пресметуваат пенали или каква било дополнителна камата, доколку се отплатат во целост. Од 1 септември 2023 година српската страна го исполнила овој услов.

Притоа, плаќањата се вршени по договор на двете земји во руски рубљи.
Потребата за потпишување на протоколот настана поради проблеми со плаќањата во непријателски валути како дел од сервисирањето на долгот на Србија, објасни заменик министерот за финансии на Руската Федерација, Владимир Количев. Во овој поглед, страните се префрлија на пресметки во рубли.

Долгот на Србија кон Русија во однос на извозните кредити од 1 март 2022 година до денот на потпишувањето на протоколот изнесува 102,231 милиони долари и 1,944 милиони евра, во однос на финансиски кредити 38,33 милиони долари, во однос на обврските на Југославија 2,96 милиони долари.

Протоколите влегуваат во сила на датумот на прием на последното писмено известување дека страните ги завршиле потребните внатрешни процедури.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лавров: Москва е подготвена на преговори со…

Москва е подготвена за преговори за решавање…

Хрватска денес бира претседател, во трка се…

Во Хрватска се одржуваат претседателски избори на…

Денеска се празнува Светиот пророк Агеј

Роден е во Вавилон, за време на…

Метео: Видете какво ќе биде времето денес

Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…

Син на поранешен функционер повикан во полиција…

Денеска бил приведен син на поранешен екс…