Објавено на:

Путин го пушти кумашинот “низ вода”: Нема размена на Медведчук за украински заробеници

t

Кремљ одговори на барањето на Украина да го замени заробениот политичар Виктор Медведчук со Украинци притворени во Русија.

Украина претходно соопшти дека го уапсила Виктор Медведчук, проруски украински политичар, за кого е познато дека има блиски односи со рускиот претседател Владимир Путин. – Предлагам со Руската федерација да направиме замена, нивното момче за нашите момчиња и девојчиња кои се во руско заробеништво, изјави доцна синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски, што го даде доцна синоќа во своето обраќање до јавноста.

Русија соопшти дека ќе го следи случајот, но упати критики до Украина, велејќи дека „го гони човекот поради неговите политички ставови“. Русија сугерира дека не би се согласиле на размена на затвореници, имајќи предвид дека Медведчук е украински државјанин, кој се наоѓа во Украина.

Односот на властите во Киев кон украинскиот опозициски политичар Виктор Медведчук „е живописна илустрација за тоа каков е всушност режимот во Киев“, изјави денеска Дмитриј Песков, портпаролот на Кремљ.

– Москва внимателно ќе ја следи ситуацијата околу Медведчук и ги повикува европските политичари да го сторат истото, изјави Песков. Русија очекува Европејците да ги применат своите стандарди за слобода на говор за да го запрат прогонството на една личност врз основа на неговите политички ставови, додаде портпаролот Песков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…

Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…

Лавров разговараше со иранскиот колега: „Израел ја…

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…

Путин: Русија остро ја осудува израелската агресија…

Рускиот претседател Владимир Путин денес телефонски разговараше…

Црна Гора испраќа војници во Украина!

Црногорскиот парламент усвои одлука за испраќање припадници…

Изградба на нуклеарна централа на Месечината и…

Изградбата на првата нуклеарна централа на Месечината,…