Путин денес ќе ги надгледува вежбите на руските нуклеарни сили, додека НАТО ја зајакнува подготвеноста

t

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе ги следи вежбите на руските нуклеарни сили, во чии рамки е планирано лансирање на балистички и крстаречки ракети, јавија руските медиуми, повикувајќи се на руското Министерство за одбрана.

Според Министерството, вежбите за стратешко одвраќање „се планираат однапред поради проверка на подготвеноста на воените командни центри, лансирните борбени тимови, екипажите на воените бродови, носачите на ракети за извршување на доделените мисии, како и доверливоста на нуклеарното и конвенционално оружје“.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека Путин ќе ги следи вежбите на силите за стратешко одвраќање од Центарот за контрола на ситуацијата при Министерството за одбрана.

– Путин најверојатно ќе биде во Центарот на контролата на ситуацијата. Таквите вежби и лансирни тестирања секако не можат да се одржат без шефот на државата. Запознаени сте со познатиот нуклеарен куфер, црвеното копче и така натаму – истакна Песков.

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко изјави дека заедно со неговиот руски колега ќе учествува во набљудувањето на воените вежби.

Во момент на кризата со Русија, НАТО го подигнува нивото на подготвеност на илјадници војници од Алијансата, а станува збор за силите за брзо реагирање (НРФ), објави германската агенција ДПА, повикувајќи се на свои извори.

– НАТО ја зајакнува подготвеноста на илјадници војници поради кризата со Русија – се вели во соопштението.

Силите за брзо реагирање, како што јави ДПА, треба да можат да интервенираат во зоната на конфликтот во рок од седум дена, наместо за 30, како што беше досега.

Министерот за одбрана на САД, Лојд Остин, пак, изјави дека можноста за руска инвазија на Украина не е блеф.

Остин оцени за Еј Би Си Њуз дека Русија може да нападне за кратко време и дека има се што е потребно за „успешна инвазија“.

Американскиот претседател Џозеф Бајден вчера изјави дека е убеден оти рускиот претседател Владимир Путин одлучил да ја нападне Украина.

Русија ги отфрла западните тврдења дека подготвува напад врз Украина и бара Алијансата да не се шири дополнително, нагласувајќи дека ги штити нејзините безбедносни интереси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Орбан е сигурен: Војната во Украина ќе…

Вооружениот конфликт во Украина ќе заврши во…

Полска воведува задолжителна обука за огнено оружје…

Поради близината на фронтот во Украина, но…

(Видео) Осум дронови нападнаа станбени згради во…

Локалните власти соопштија дека осум беспилотни летала…

Рускиот амбасадор Баздникин повикан во МНР: Врачена…

Попладнево, во Министерството за надворешни работи и…

Македонската амбасада во Киев погодена во руски…

Македонската амбасада во Киев настрадала во руски…