Путин им додели ордени на тинејџерите кои спасувале луѓе за време на нападот на Крокус
Рускиот претседател Владимир Путин денеска им додели ордени на тројца тинејџери кои учествувале во спасувањето луѓе за време на терористичкиот напад во Крокус Сити Хол.
– За храбри и решителни дејствија при спасување луѓе во екстремни услови им се доделува орден „За спасување на жртвите“ на Артјом Александрович Донсков, Никита Михајлович Иванов, Ислам Бахтерович Халилов, се вели во одлуката објавена на официјалната веб-страница за правни информации.
Средношколците, кои хонорарно работеле како гардеробери во концертната сала, успеале да исфрлат околу стотина луѓе од зградата, а по нив преку истиот излез побегнале уште неколку стотици гледачи.
Во терористичкиот напад на 22 март во Крокус Сити Хол во Красногорск, предградие на Москва, загинаа 145 луѓе.
Рускиот истражен комитет соопшти дека се уапсени 12 лица осомничени за нападот, меѓу кои и четворица државјани на Таџикистан, кои биле директни извршители на терористичкиот напад.
Освен тоа, во Дагестан се приведени четворица странци кои учествувале во финансирање и обезбедување оружје на терористите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…