Путин им нареди на руските функционери да возат домашни автомобили
Сите руски функционери треба да се префрлат на користење на домашни автомобили, тоа ќе овозможи подобрување на квалитетот на руските производи, изјави рускиот претседател Владимир Путин.
Рускиот лидер објасни дека министерствата, секторите и управите испратиле барање да се продолжи со набавката, да се стави акцент на автомобилите од странско производство и да се прошири таквата практика.
„Одговорив дека тоа апсолутно мора да се исклучи и дека сите функционери мора да возат домашни автомобили“, рече Путин на состанокот со шефовите на производствените компании.
Тој додаде дека ќе бидат нешто поскромни возила од претходно, но ништо страшно, напротив, дури е добро.
„Нашите службеници треба да разберат дека мора да се стремиме кон развој на национални брендови, домашни автомобили и други руски производи. Подобрувањето на квалитетот на животот мора да биде првенствено насочено кон тоа“, рече Путин.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Во живо) Крстевски: Ги повикувам премиерот и…
Централната власт, откако сум јас градоначалник, нема…
СОЗР ќе плаќа16,5 милиони за хотелско сметување…
Службата за општи и заеднички работи на…
Најчевска: Мицко нè турна кон Путин
Мицко нè турна кон Путин, искоментира на…
Се градело без одобрение за градба: Апсења…
Поранешниот секретар на Секретаријатот за легализација во…
„ФАЈНЕНШЛ ТАЈМС“: Москва има план за напад…
Москва има детален план за напад на…