Путин и Ердоган ќе се сретнат следната седмица во Техеран
Рускиот претседател Владимир Путин ќе разговара со турскиот колега Реџеп Таип Ердоган за време на посетата на Техеран наредната седмица, информираше денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
– Вчера најавивме контакти на највисоко ниво меѓу Путин и Ердоган. Таков состанок ќе се одржи таму, појасни Песков.
Двајцата претседатели вчера имаа телефонски разговор за ситуацијата во Сирија и за прашањето околу снабдување со житарици, соопштија од кабинетот на турскиот лидер.
Според наведеното, лидерите разговарале за ситуацијата во Сирија, украинско-руската војна и за создавање безбедни коридори во Црното Море за извоз на житарици.
Ердоган смета дека дошло време „да се преземе акција во рамки на Обединетите Нации за создавање безбедни коридори во Црното Море за извоз на жито”.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најчевска: Мицко нè турна кон Путин
Мицко нè турна кон Путин, искоментира на…
„ФАЈНЕНШЛ ТАЈМС“: Москва има план за напад…
Москва има детален план за напад на…
Ердоган: Веруваме дека сириската влада ќе преземе…
Ердоган телефонски разговараше со претседавачот на Суверениот…
Ердоган го покани Трамп да ја посети…
Претседателот на Турција Ердоган се обиде да…
Путин најави одговор за влезот на Финска…
Хелсинки немаше „неволји“ со Москва со години,…