Објавено на:

Путин и Си: Односите меѓу Русија и Кина се на невидено ниво

t

Билатералните односи меѓу Русија и Кина достигнаа „невидено ниво“, изјави рускиот претседател Владимир Путин за време на разговорите со неговиот кинески колега Си Џинпинг во кинескиот главен град Пекинг, објави АФП.

„Нашите блиски контакти ја одразуваат стратешката природа на руско-кинеските врски, кои во моментов се на невидено ниво“, рече Путин.

Си оваа недела одржува серија дипломатски средби, вклучително и учество на самит на Шангајската организација за соработка (ШОС) во северниот град Тјанџин, форум што Кина го претставува како алтернатива на меѓународните структури доминирани од Западот.

Двајцата лидери го нападнаа Западот на самитот. Си го осуди „хулиганството“ од страна на некои земји – прикриена референца за САД – додека Путин ги бранеше воените акции на Русија во Украина и го обвини Западот за започнување на конфликтот. Москва и Пекинг објавија „партнерство без ограничувања“ само неколку недели пред Путин да ја започне руската офанзива во Украина во февруари 2022 година. Оттогаш, проширената воена и трговска соработка меѓу двете земји го загрижува Западот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин и Си: Односите меѓу Русија и…

Билатералните односи меѓу Русија и Кина достигнаа…

Песков негираше вмешаност на Русија во неуспешното…

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков денес…

Пад на приходите на рускиот нафтен гигант…

Нетo приходот на рускиот нафтен гигант „Роснефт“…

„Време е Змејот и Слонот да се…

Индискиот премиер Нарендра Моди отпатува во Кина…

Путин пристигна во четиридневна посета на Кина

Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во Кина…