Путин и Си Џинпинг разговараа преку видео-конференциска врска
Рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг разговараа преку видео-конференциска врска, при што Путин му ја честиташе на Си претстојната Нова година според кинескиот календар, пренесоа светските агенции.
Кинеската Нова година е на 29 јануари. Путин во оваа пригода на народот на Кина му посака мир и просперитет, а на Си, во духот на познатата кинеска поговорка, му посака среќа 10.000 години.
Пекинг се претставува како неутрален по прашањето за војната во Украина и поддржува мирно решавање на конфликтот, потсетуваат агенциите. Кина останува клучен економски и политички партнер на Москва и никогаш не ја осуди Русија за започнување на конфликтот. Ова ги натера лидерите на НАТО да кажат дека Кина има клучна улога во војната што ја води Русија против Украина.
Сега, во разговорот Путин му рекол на Си дека односите на Москва и Пекинг во надворешната политика имаат стабилизирачка улога во меѓународните работи, пренесуваат светските агенции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…