Путин: Му испратив сигнали на Бајден за мир во Украина!

t

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека испратил сигнали до поранешниот американски претседател Џозеф Бајден за мирно решение во Украина.

„Ако западните спонзори на Украина имаат желба да постигнат мир, патот е многу едноставен. Еднаш му испратив соодветни сигнали на Бајден“, му рече Путин на новинарот на „Русија1“, Павел Зарубин.

Путин додаде дека Киев треба да најде правен начин да го укине указот со кој се забранува Украина да преговара со Русија.

Западот го убеди Киев да ја продолжи војната, рече рускиот претседател.

„Тие не можат да постојат, нема да издржат еден месец ако останат без пари, а во поширока смисла муниција. Се ќе биде готово за месец, месец и половина, до два. Во оваа смисла, суверенитетот на Украина речиси не постои“, заклучи Путин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Aмериканците кренаа раце од нас? Хил: САД…

Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета…

„Вината за Кочани е во врвот на…

„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…

Тошковски: Ја намаливме стапката на криминал во…

Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, во…

(Видео) Снимен земјотресот во Охрид утринава

Краток, но силен земјотрес утрово во 04:35…

„Кој е следен“ за изјавата на Мицкоски:…

Од граѓанската иницијатива „Кој е следен?“ испратија…