Објавено на:

Путин му нареди на Шојгу да поднесе извештај за снабдувањето на руските војници со оружје, униформи и панцири во Украина

t

Рускиот претседател Владимир Путин му наредил на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу да поднесе извештај за снабдувањето на руските воени единици со оружје, униформи, панцири, опрема за камуфлажа и други воени потреби во Украина, објавено е денеска веб-страницата на Кремљ.

Рокот за поднесување на извештајот е 1 февруари, јавија руските медиуми.

Во исто време, Путин му нареди на Министерството за здравство на чело со министерот Михаил Мурашко и Министерството за одбрана на Русија да ја разгледаат можноста за лекување и опоравување на ранети руски војници во цивилните болници.

Рокот за поднесување на тој извештај е 15 јануари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

До крајот на месецов ќе се знаат…

Процесот на избор на кандидати за градоначалници…

НАМЕСТО КОНТРОЛОРИ НА ЛЕТАЊЕ М-НАВ ЗА СЕКОЈ…

По добиена согласност од Министерството за финансии,…

Макрон ја отфрла идејата на Трамп за…

Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека…

Левица по третпат бара Надзорна расправа за…

Утре, Постојаната анкетна комисија за заштита на…

Гувернерот Славевски се пожали дека многу го…

Гувернерот Трајко Славевски во неговата објава на…