ПУТИН НАРЕДИ МАСОВНО ПРОИЗВОДСТВО НА РАКЕТИТЕ „ОРЕШНИК“; Русија ќе продолжи да го тестира оружјето
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија ќе продолжи со тестирање на ракетниот систем „Орешник“.
Тој посочи дека е донесена одлука за сериско производство на „Орешник“ и дека тие системи ќе ги користат ракетните сили.
– Во моментов нема контрамерки на системот „Орешник“. Тестирањето на овој систем ќе продолжи. Ќе продолжиме со овие тестови, вклучително и во борбени услови, во зависност од ситуацијата и карактерот на безбедносните закани испратени кон Русија – рече Путин на состанокот со раководството на Министерството за одбрана.
Рускиот лидер истакна дека ракетниот систем „Орешник“, кога масовно се користи „против непријателски цели“, има важност на стратешко оружје и е создаден во согласност со најновите технички достигнувања.
– Орешник не е средство за масовно уништување, туку високо прецизно оружје… Безбедноста на Русија е осигурана – нагласи тој.
Путин на состанокот во Кремљ каде им честитал на раководството на Министерството за одбрана и на конструкторите за успешното тестирање на ракетата „Орешник“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Последни пратенички прашања за годинава
Собранието денеска ќе ја одржи 26. седница,…
Кочоска: Се прекинуваат неколку наследени проекти
Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска вечерва…
Во затвор во Мозамбик 33 мртви и…
Во бунт во затвор во главниот град…
Бајден побара продолжување на испораката на оружје…
Американскиот претседател во заминување, Џо Бајден соопшти…
Курсна листа на НБРМ: Колку чини еврото…
Според курсната листа на НБРМ средниот курс…