Путин најави грандиозни инфраструктурни објекти
Рускиот претседател Владимир Путин најави нови грандиозни инфраструктурни проекти во земјата на отворањето на патната делница М-12 „Восток“.
„Имаме големи, грандиозни планови за развој на инфраструктурата во државата. Ова не се однесува само на патиштата, туку на инфраструктурата како целина“, рече тој.
Претходно тој отвори сообраќај на делницата од Москва до Арзамас.
Станува збор за пат долг 415 километри кој поврзува четири руски региони – регионите Москва, Подмосковље, Владмир и Нижегород.

Денеска се пуштени во употреба 308 километри патишта, а останатите 107 километри се во функција од минатата година.
Целата релација М-12 Москва-Казан треба да биде отворена до крајот на годинава. Должината на патот е 810 километри и минува низ Владимир, Муром, Арзамас и уште три руски градови.
Кога ќе се отвори, возачите ќе можат да патуваат од Москва до Казан за шест и пол часа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…
Русија „на две столчиња„: Имаме стратешко партнерство…
Блискиот Исток тоне во хаосот на војната,…
Околу 150 луѓе од „непријателски земји“ се…
Околу 150 луѓе емигрираат во Руската Федерација…
Русија и Украина повторно разменија заробеници
Нова група руски војници е вратена од…
Русија: САД да не се мешаат во…
Русија ги предупредува САД да не се…