Објавено на:

Путин на БРИКС: „Бараме излез од кризата настаната од себичното делување на некои држави“

t

Владимир Путин во својот говорна 14-тиот самит на БРИКС ги издвоил „лошо осмислените, себичните акции на поединечни држави“ како прашање кое предизвикува загриженост.

„Само на основа на чесна и заемно корисна соработка можеме да бараме излез од кризната ситуација која се развива во светската економија поради непромисленото, себично делување на некои држави, кои, користејќи финансиски механизми, всушност ги шират сопствените грешки во макроекономската политика на целиот свет“, го цитирала рускиот претседател новинската агенција „РИА Новости“.

Путин во својот говор истакнал дека темата на овогодишниот самит е посебно актуелна бидејќи транснационалната природа на предизвиците со кои се соочува светската заедница бара изнаоѓање на колективни одговори.

Рускиот лидер потсетил дека земјите членки на БРИКС имаат огромен политички, економски, научен, технолошки и човечки потенцијал и дека ефикасно работат заедно на обезбедување на меѓународна безбедност, стабилност и одржлив развој.

Настанот се одржува виртуелно, а домаќин е кинескиот претседател Кси Џинпинг. Групата БРИКС ја сочинуваат Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се јави Медведев и тоа со закана,…

Русија треба да ја направи својата специјална…

Мециновиќ: Кина е заинтересирана за зголемување на…

Мециновиќ, пратеник од Левица, кој деновиве е…

Нигеp ги пpекинува дипломатските односи со Укpаина

Нигер ги прекинува дипломатските односи со Украина…

Следна станица за Ѓоковиќ е Кина!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го потврди учеството…

„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…

Иранската влада побарала од Русија напредни радари…