Путин: Нема да е прв пат НАТО да предизвика војна во Европа

t

Рускиот претседател Владимир Путин по средбата со германскиот канцелар Олаф Шолц во Кремљ изјави дека средбата била деловна. Темите на разговор беа најактуелни: кризата во Украина, „Северен тек 2“, безбедносните гаранции кои Русија ги бара од Западот.
Зборувајќи за заканата од војна во Европа, за која сите зборуваат последните денови, претседателот на Русија на прес-конференцијата потсети дека НАТО веќе еднаш започна војна во Европа.
„Што се однесува до војната во Европа: германскиот канцелар штотуку рече дека луѓето од неговата генерација, на која припаѓам и јас, тешко можат да замислат војна во Европа. Ова се однесува на ситуацијата околу Украина. Сепак, бевме сведоци на војна во Европа, тоа беше голема воена операција, со бомбардирање на една од европските престолнини – Белград. Тоа беше извршено без дозвола на Советот за безбедност на ОН.“, рече Путин, нагласувајќи дека Русија не сака војна, поради што дала предлози за безбедноста во Европа.
Зборувајќи за Украина, рускиот лидер го нарече геноцид она што се случува во Донбас. Тој го поврза обраќањето на Државната дума со барањето да се признае независноста на ДНР и ЛНР, со тоа што пратениците јасно го чувствуваат расположението на гласачите кои жалат за жителите на тие републики.

Во исто време, претседателот изјави дека Договорите од Минск се уште имаат потенцијал и ги повика Германија и Франција да влијаат на Киев да почне да ги реализира обврските што ги презел.
Што се однесува до безбедносните гаранции што Русија ги бара од Западот, рускиот лидер посочи дека Москва не може да замижува пред тоа како САД и НАТО сосема слободно и во своја полза го толкуваат принципот на неделива безбедност. Тој додаде дека во одговорот на Вашингтон и Брисел има моменти за кои Москва е подготвена да разговара, пред се во однос на Договорот за ракети со среден и краток дострел и воената транспарентност.
Путин уште еднаш посочи дека продолжува проширувањето на Северноатлантската алијанса на исток, без оглед на уверувањата на западните партнери. Според него, одложувањето на влезот на Украина во НАТО нема да промени ништо. Москва сака да го реши тоа прашање сега.
Германскиот канцелар, од своја страна, повика на итна деескалација околу Украина.
„Мојата посета е во знакот на кризата, најтешката криза во последните неколку децении во Европа. Воените активности на Русија и концентрацијата на руските трупи долж границата одзедоа многу време во нашите преговори, како и прашањата за безбедносните гаранции формулирани од Русија. „Ја презентирав мојата проценка за безбедносната ситуација и како ние и нашите европски партнери ја оценуваме оваа ситуација“, рече Шолц.
Што се однесува до „Северен тек 2“, Путин подвлече дека се работи за комерцијален проект кој е готов и подготвен за работа. Сепак, тој најави и дека Русија ќе продолжи со испорака на гас преку Украина и по 2024 година, доколку има побарувачка и профитабилност.
Разговорот меѓу Путин и Шолц траел повеќе од три часа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нигеp ги пpекинува дипломатските односи со Укpаина

Нигер ги прекинува дипломатските односи со Украина…

Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…

Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…

„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…

Иранската влада побарала од Русија напредни радари…

Марија Габриел ќе биде втор човек во…

Поранешната еврокомесарка и министерка за надворешни работи…

ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…

Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…