Објавено на:

Путин нема да запре: Планира напад на уште една непризнаена европска држава?

t

По се изгледа дека Путин има нови воени планови. Според добрите познавачи на состојбите но и според анализите на разузнавачките служби објавени во западните медиуми Путин нема да запре со својата воена инвазија само врз Украина.

По 58- дневната воена инвазија врз Укрина руските воени и политички челници добија порака дека целиот свет е против нивната, како што ја нарекуваат специјална операција врз Украина.

„Ние сме во војна со целиот свет“, се’ почесто е споменувано од страна на воените и политичките челници во Москва.

Истакнатиот руски генерал

Заменик командантот на Централниот воен округ на Русија Рустам Минекаев во јавноста обелодени дека отцепениот дел на Молдавија би можел да биде следната цел на Кремљ.

Највисокиот руски генерал укажа на можноста отцепениот дел од Молдавија, кој е поврзан со Москва, да биде следен пред Кремљ при инвазијата на Украина.

Генерал Минекаев, кој во моментов е дел на централната воена команда на руската армија изјавил дека Кремљ планира да влезе во Придњестровје како дел од стратегијата за создавање копнен коридор за Крим, кој Москва му го одзеде на Киев во 2014 година.

На состанокот на одбранбената индустрија во руската област Свердловск, Минекаев кој заедно со повеќето руски воени команданти учествувал во разгледувањето на руските одбрамбени ресурси изјавил:

„Сега сме во војна со целиот свет, како што беше во Големата патриотска војна“, мислејќи на рускиот опис на Втората светска војна.

„Целиот свет беше против нас, а сега е исто, тие никогаш не ја сакаа Русија“, изјавил Минекаев.

Придњестровје -непризнаена отцепена држава меѓународно призната како дел од Молдавија

Придњестровје е отцепена рускојазична држава која не е меѓународно признаена како независна, но се смета за дел од Молдавија.

Нејзината економија е поддржана од Москва и таму се стационирани голем број на руски војници.

„Контролата над југот на Украина е уште еден излез за Придњестровје, каде што исто така има факти кои укажуваат на угнетување на населението што зборува руски“, изјавил Минекаев за агенцијата Тасс, за време на состанокот на одбранбената индустрија во руската област Свердловск.

Ваквите изјави на овој висок воен функционер беа криткувани пред се’ во руските медиуми.

Антон Барбашин, главен уредник на Ридл Русија, ги критикуваше коментарите на Минекаев, сметајќи дека е неодговорно руските воени команданти јавно да ги обелоденуваат воените планови во време кога руската армија мака мачи со справувањето со украинскиот отпор во Донбас“.

На почетокот на април е забележано прегрупирање на т.н. мировниот воен контингент и вооружените сили на самопрогласеното Придњестровје, долж украинската граница во правец на Одеса.

Војската на Приднестровје има околу 7.500 војници, но и околу 80.000 резервисти, на кои им биле упатени повици за мобилизација во случај на натамошна ескалација на конфликтот, а во Киев не ја исклучуваат можноста да се приклучат на отворен напад на Украина. Голем дел од населението таму има и руско државјанство и може да подлежи на руските воени закони.

Една од главните цели на рускиот напад врз Украина беше да се стигне до молдавската граница и „физички“ да се спои со Придњестровје, што настана пред распадот на СССР на почетокот на 1990 година, кога се водеше војната, во која руската армија го овозможи своето создавањето.

Итно признавање од Русија како со Доњецк и Луганск

Властите во Придњестровје веќе неколку пати бараа признавање од Русија, а откако Владимир Путин ја призна независноста на Доњецк и Луганск – од Тираспол, главниот град и административен центар на самопрогласената независната република Придњестровје повторно побараа да се разгледа нивниот предлог прво да се признае нивната независност, а потоа да се приклучи кон Русија.

Од друга страна како главен аргумент за започнувањето на руската инвазија на Украина, беа обвинувањата од Москва дека Украина спроведува „геноцид“ врз населението што зборува руски во источниот регион Донбас.

Сега идентично обвинувањата одат на адреса на Молдавија чија влада е обвинета од Москва дека го угнетува тамошното руско население, што бепе и главниот аргумент за отцепувањето на Придњестровје од Молдавија

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претседателката Санду го потпиша указот за почеток…

Претседателката на Молдавија, Маја Санду соопшти дека…

Украина и Молдавија ги почнуваат пристапните преговори…

Амбасадорите на земјите-членки на Европската Унија постигнаа…

Експремиерката на Финска била платена за да…

Поранешната финска премиерка Сана Марин била платена…

Претседателството на ЕУ сака брз почеток на…

Украина и Молдавија можат да се надеваат…

Санду: ЕУ треба да разработи „Маршалов план“…

Европската унија треба да ја развие својата…