Путин ненајавено го посети Калининград!
Рускиот претседател Владимир Путин денеска ја посети руската енклава Калининград, сместена меѓу Полска и Литванија, две членки на НАТО, во време на големи тензии меѓу Москва и западните земји поради руската агресија врз Украина.
Путин ја започна својата посета со средба со учениците на денот на почетокот на учебната година, за време на која одговараше на многу различни прашања од економијата, преку вселенската програма до офанзивата на Москва во Украина, а настанот во живо го пренесуваше руската државна телевизија.
– Нашата мисија и на нашите војници (…) е да ја запреме војната на Киев против Донбас (што е име за источниот дел на Украина) и да ги заштитиме луѓето и, се разбира, да ја одбраниме самата Русија, рече Путин. Рускиот претседател, исто така, тврди дека жителите на Донбас, област каде што живее големо население што зборува руски, „се сметаат себеси за дел од културниот и јазичниот простор на Русија”.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најчевска: Мицко нè турна кон Путин
Мицко нè турна кон Путин, искоментира на…
„ФАЈНЕНШЛ ТАЈМС“: Москва има план за напад…
Москва има детален план за напад на…
Путин пристигна во Калининград, го следеа девет…
Патувањето на рускиот претседател Владимир Путин во…
Путин најави одговор за влезот на Финска…
Хелсинки немаше „неволји“ со Москва со години,…
Трамп: Бајден со политичкиот прогон врз мене…
Рускиот претседател претходно изјави дека обвинението за…