Путин не оди лично, го праќа Лавров на преговори со Американците во ОАЕ
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и помошникот на претседателот на Русија Јуриј Ушаков ќе отпатуваат во Ријад на преговори со претставници на САД, соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, по наредба на Владимир Путин.
Песков изјави за новинарите дека Лавров и Ушаков ќе отпатуваат за Ријад во понеделник.
„Се очекува тој во вторник да има средба со американските колеги во Ријад, која првенствено ќе биде посветена на обновувањето на целиот опсег на руско-американските односи“, рече Песков.
Според него, разговорите ќе бидат посветени на „обновување на целиот комплекс на руско-американски односи“, како и „подготовка на потенцијални преговори за украинското решение и организирање средба меѓу двајцата претседатели“.
„Европејците сега зборуваат многу за мировните контингенти – и Французите и Британците. Но, ние ги знаеме правилата за распоредување мировни контингенти“, објасни тој.
Претходно, британскиот премиер Кир Стармер изјави дека неговата земја е подготвена да распореди војници како потенцијален мировен контингент во Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин: Почнува сериското производство на ракетниот систем…
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека…
Лавров ја објави главната закана која доаѓа…
Главната закана доаѓа од силите на Запад…
Најчевска: Мицко нè турна кон Путин
Мицко нè турна кон Путин, искоментира на…
„ФАЈНЕНШЛ ТАЈМС“: Москва има план за напад…
Москва има детален план за напад на…
Путин најави одговор за влезот на Финска…
Хелсинки немаше „неволји“ со Москва со години,…