Објавено на:

Путин: Одиме напред!

t

Русија и покрај многуте предизвици оди напред и ги реализира сите свои планови, ниту една програма не е намалена, изјави рускиот претседател Владимир Путин на одбележувањето на 876-годишнината од руската престолнина.
Лидерот на Русија им го честиташе Денот на градот на московјаните, пристигнувајќи на свечен концерт во паркот „Зарјадје“.


Тој посочи дека главниот град соодветно одговара на новите предизвици.
„Истовремено, не отстапуваме ниту чекор од спроведувањето на нашите крупни развојни програми. Тоа особено би сакал да го истакнам. Исто како и нашата држава. Има навистина многу предизвици што ги надминуваме. Но, ние одиме напред, се развиваме, ги реализираме нашите планови, ништо не е намалено“, рече Путин.
Рускиот лидер оцени дека Москва од моментот на нејзиното основање „отсекогаш била сигурна одбрана и цврста поддршка за целата руска држава“.
Според Путин, Русија денес го брани и го потврдува својот суверенитет, а како жителите на сите региони на земјата, Московјаните храбро се борат во зоната на специјални воени операции, додека вработените во московските компании даваат огромен придонес во обезбедувањето на одбранбениот потенцијал.

Тој потсети дека главниот град го презеде патронатот на Доњецк и Луганск и врши сложени работи на реконструкција на инфраструктурата во погодените региони.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кремљ до Белград: Згазивте векови старо братство…

Според прес-бирото на Службата за надворешно разузнавање…

Путин: Агресијата против Иран е неиспровоцирана и…

Рускиот претседател Владимир Путин започна состанок со…

Иранскиот шеф на дипломатијата Арагчи оди во…

Министерот за надворешни работи, Абас Арагчи, одговарајќи…

Захарова: Русија е подготвена да го реши…

Разговорите меѓу Русија и Украина се движат…

Протече стратешки документ на германската армија: „Русија…

Германската војска ја смета Русија за „егзистенцијален…