Путин: Почнува сериското производство на ракетниот систем „Орешник“
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија започнува масовно производство на најновиот ракетен систем со среден дострел „Орешник“.
Путин на средбата во Кремљ со дипломирани студенти на воените универзитети рече дека „Орешник“ многу добро се докажал во борбени услови, пренесе РИА Новости.
„Во тек е масовно производство на најновиот ракетен систем со среден дострел „Орешник“, кој многу добро се докажа во борбени услови“, рече Путин.
„Орешник“ беше успешно тестиран на 21 ноември минатата година во напад на објект на украинскиот воено-индустриски комплекс како одговор на украинската употреба на американско и британско оружје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин: Почнува сериското производство на ракетниот систем…
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека…
Најчевска: Мицко нè турна кон Путин
Мицко нè турна кон Путин, искоментира на…
„ФАЈНЕНШЛ ТАЈМС“: Москва има план за напад…
Москва има детален план за напад на…
Украина најде одговор за рускиот Орешник?
Британскиот весник „Економист“ на 23 декември 2024…
Путин: Орешник нема шанси да биде соборен,…
Технолошки дуел меѓу хиперсоничниот систем за лансирање…