Путин: Руската одбранбена индустрија ги исполнува задачите побрзо од поставените рокови
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека руската одбранбена индустрија ги завршува задачите побрзо од предвидените рокови.
„Повеќето компании ги исполнуваат задачите, а на некои позиции и побрзо од очекуваното. Важно е да продолжиме ритмички да и обезбедуваме на армијата модерно, високотехнолошко оружје и опрема“, рече Путин на средбата со претставниците на руските одбранбени компании.
Најпрво Путин истакна дека станува збор за беспилотни, авијациски и копнени комплекси, но и за средства за радио-електронско војување.
„Неодамна потребите се зголемени, во последните две години, за време на траењето на специјалната воена операција, тие бројки постојано се зголемуваат“, додаде тој.
Путин прецизира дека кога станува збор за ракетно-артилериска муниција, зголемувањето на побарувачката е зголемено дури 20 пати, додека потребата за радиоелектронски системи за војување е зголемена за 15 пати.
Рускиот лидер рече и дека производството на муниција е зголемено за 14 пати, додека производството на оклопна заштита е зголемено шест пати.
„Темпото е добро, барањата големи. Сакам да им се заблагодарам на сите колективи кои успеваат да ги реализираат сите барања на државата“, заклучи Путин.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…
Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…
„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…
Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…
Министерот за надворешни работи и надворешни економски…
Русија ќе обезбеди поддршка за Северна Кореја…
Рускиот претседател Владимир Путин денеска му порача…
Блумберг: Размена на затвореници меѓу Русија и…
Новинарот на „Волстрит журнал“ Еван Гершкович и…