Објавено на:

Путин со закани: Спомнува распоредување ново нуклеарно оружје

t

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија „дополнително ќе ги зајакне своите вооружени сили за да ги земе предвид потенцијалните воени закани и ризици“.

Според западните власти, во Русија наскоро ќе почне масовна мобилизација, а Кремљ, според тие информации, планира да регрутира луѓе од посиромашните руски региони, поради стравувањата дека мобилизацијата низ целата земја би можела да предизвика немири во градовите.

Западните функционери сугерираат дека во Русија „наскоро ќе се случи“ масовна мобилизација, иако Кремљ е „загрижен“ бидејќи ова всушност би било „признание за неуспех“ во она што требаше да биде брза, чиста операција во Украина и наместо тоа, се претворило во бавен и мачен конфликт.

Бидејќи Москва, исто така, стравува дека мобилизацијата низ целата земја би можела да предизвика немири во руските градови, таа се обидува да го зголеми бројот на борците преку „мошне значително регрутирање“ во сиромашните области и зголемување на старосната граница за воена служба, велат западните извори.

Официјалните лица, исто така, рекле дека има „уште муабети“ за здравјето на Путин и „уште шпекулации“ за тоа кој ќе го замени во Русија, иако не постои „непосредна закана“ за неговата контрола на власта.

Извор

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија „на две столчиња„: Имаме стратешко партнерство…

Блискиот Исток тоне во хаосот на војната,…

Околу 150 луѓе од „непријателски земји“ се…

Околу 150 луѓе емигрираат во Руската Федерација…

Русија и Украина повторно разменија заробеници

Нова група руски војници е вратена од…

Русија: САД да не се мешаат во…

Русија ги предупредува САД да не се…

Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…

Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…