Путин се сретна со претседателот на Иран: Се најавува сериозен разговор!
Рускиот претседател Владимир Путин на 11 октомври ќе се сретне со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во главниот град на Туркменистан – Ашгабат.
Путин патува во работна посета на Ашхабат, каде што ќе учествува на меѓународниот форум „Односите меѓу времето и цивилизацијата – основа на мирот и развојот“.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, откри дека на претстојниот состанок претседателите ќе разговараат за широк спектар на теми.
„Тоа се, пред сè, билатерални руско-ирански односи. Имаме доста блиски односи во широк спектар на сфери. Секако, на дневен ред ќе биде и ситуацијата на Блискиот Исток. Во секој случај, тоа ќе биде сериозен разговор“, рече Песков.
Како што додаде, тоа ќе биде прва средба меѓу двајцата лидери откако Пезешкијан ја презеде претседателската функција.
Според помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков, на форумот биле поканети лидерите на многу соседни земји, меѓу кои и претседателите на Казахстан, Киргистан, Молдавија и други.
Се очекува Путин да одржи серија билатерални средби во Ашхабат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иранскиот претседател: Техеран и Москва можат да…
Техеран и Москва можат да вложат напори…
Пентагон призна: Приоритет во конфликтот во Украина…
Приоритет на САД во конфликтот во Украина…
Путин се сретна со претседателот на Иран:…
Рускиот претседател Владимир Путин на 11 октомври…
Нетанјаху: Либан дека ќе ја доживее судбината…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го повика либанскиот…
Дачиќ вели: Посебна чест ми беше средбата…
За време на еднодневната возвратнa посета на…