Објавено на:

Путин смирува: Специјалната операција оди според планот, се надевам борците ќе нè израдуваат

t

Динамиката на Специјалната операција е позитивна, се се развива во рамките на планот на Министерството за одбрана и Генералштабот, изјави претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин.

„Динамиката е позитивна. Се е развиено во рамките на планот на Министерството за одбрана и Генералштабот. Се надевам дека нашите борци ќе не израдуваат повеќе од еднаш со резултатите од нивната борбена работа“, рече претседателот во интервјуто со новинарот Павло Зарубин на каналот „Русија 1“.

Ситуацијата во руската економија е стабилна, многу подобра од очекуваното, рече претседателот.

„Ситуацијата во економијата е стабилна, згора на тоа, е многу подобра од она што го предвидуваа не само нашите противници, туку и ние“, рече тој.

Претседателот истакна дека тоа се гледа во сите макроекономски показатели.

„Како што кажав неодамна на средбата со членовите на Владата, еден од главните показатели – невработеноста е на историски најниско ниво. Инфлацијата е пониска од очекуваната и, што е важно, има тренд на намалување“, рече претседателот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин да се фокусира на мирот во…

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Украина и Австрија ќе ја зајакнат соработката…

Министрите за надворешни работи на Украина и…

Путин и Ердоган го осудија нападот на…

Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…

Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…

Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…