Путин со сочувство до семејството на Горбачов: Тој беше на чело на нашата земја во време на драматични промени

Путин: Горбачов имаше огромно влијание врз текот на историјата.
Претседателот на Русија, Владимир Путин, изрази сочувство за смртта на поранешниот претседател на Советскиот Сојуз, Михаил Горбачов и истакна дека тој е политичар кој има огромно влијание врз текот на светската историја.
„Ве молиме прифатете го нашето најдлабоко сочувство за смртта на Михаил Горбачов. Горбачов беше политичар и државник кој имаше големо влијание врз текот на светската историја. Тој беше на чело на нашата земја во време на сложени, драматични промени, сеопфатни надворешни политички, економски и социјални предизвици“, се вели во телеграмата на Путин до семејството на Горбачов.
Тој укажа и на хуманитарната, образовната и добротворната работа на Горбачов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најчевска: Мицко нè турна кон Путин
Мицко нè турна кон Путин, искоментира на…
„ФАЈНЕНШЛ ТАЈМС“: Москва има план за напад…
Москва има детален план за напад на…
Путин најави одговор за влезот на Финска…
Хелсинки немаше „неволји“ со Москва со години,…
Трамп: Бајден со политичкиот прогон врз мене…
Рускиот претседател претходно изјави дека обвинението за…
Путин: Русија ќе спречи какво било странско…
Русија ќе спречи какво било странско мешање…